СПОРТФУДБАЛ

Лука Модриќ одлучи каде ќе продолжи по Реал Мадрид

Лука Модриќ е подготвен да стави крај на својата „кралска авантура“ и да се пресели во Саудиска Арабија, каде хрватскиот ветеран ќе ја заврши својата фантастична кариера. Главен „виновник“ е Кристијано Роналдо, откако големиот ас успеал да го убеди Модриќ да му се приклучи во Ал Наср, за двајцата заедно да ја нападнат титулата во шампионатот на Саудиска Арабија, но и во Лигата на Шампиони на Азија.

Advertisements

Роналдо редовно ги тресе противничките мрежи, но Португалецот е незадоволен бидејќи неговиот тим заостанува десет бода во трката за титулата зад Ал Хилал. Токму тоа е причината поради која Кристијано решил самиот да преземе иницијатива за да го убеди Модриќ да му се приклучи по завршувањето на оваа сезона.

Хрватскиот ветеран во текот на летото одби мегапонуда од Саудиска Арабија, но сега ситуацијата е поинаква, тој не е стартер кај Карло Анчелоти, а веќе и Флорентино Перез јасно му стави до знаење дека нема да му понуди нов договор следното лето. Модриќ се уште може да игра на високо ниво, а парите кои се на маса од Саудиска Арабија се премногу добри за да бидат одбиени, пред се од играч кој се наоѓа на самиот залез од кариерата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button