ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Лукаревска: Наместо половични мерки, власта да ги прифати предлозите на СДСМ за намалување ДДВ за струјата и укинување кај храната

Економијата во земјата е во слободен пад, граѓаните имаат се помалку пари поради енормните поскапувања и потребно е итно заедничко делување, истакна Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ.

Advertisements

Наместо половични решенија, како што рече, бараат Владата и парламентарното мнозинство веднаш да ги прифатат предлозите на СДСМ за намалување на ДДВ за струја и укинување на ДДВ за храна.

Според неа, последната одлука да се ограничат маржите е задоцнета, половична и со суштински недостатоци.

„Замрзнувањето со ниво на цени од 1 февруари e погрешно, затоа што податоците на заводот за статистика укажуваат дека веќе во јануари има пораст на цените. Тоа значи дека се замрзнати производи со поскапи цени. Власта требаше да се врати наназад неколку месеци и како репер да ги земе тие цени а не овие покачени цени.

Дополнително, наместо да се ограничува маржата само на 102 групи на производи, треба да се опфатат сите 238 групи на производи.

Од овие причини, граѓаните нема да почувствуваат никаков ефект од овие половични и задоцнети мерки“, додава таа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button