ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Лукаревска: СДСМ ќе разговара и за оставка на Зоран Заев

Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, рече дека сега партијата прво ќе има седница на Извршниот, а потоа и на Централниот совет, на која ќе се разговара за повеќе различни теми, меѓу кои и оставката на премиерот Заев.
„Имаме различни теми за разговор, следните чекори на партијата во однос на актуелноста како парламентарното мнозинство, актуелната состојба на политиката. Ќе се разговара и за оставката на премиерот Заев“, рече Лукаревска.