Лукаревска: УЈП во детални проверки за исплата на минималната плата
Лукаревска: УЈП во детални проверки за исплата на минималната плата

Директорката на УЈП во денешното издание на Економски магазин најави дека во текот на утрешниот ден ќе ја објави постапката за аплицирањето за минималната плата. Според неа мерката треба да го види светлото на денот и сите оние кои што треба да ја добијат таа минимална плата треба да им се исплати.
„Во текот на утрешниот ден ќе ја објавиме постапката за аплицирањето за минималната плата, под која шифра тоа ќе оди бидејќи имаме тука субвенционирање на придонеси за повисоки плати и таква мерка, така да навремено ќе биде информирана јавноста. Работевме на тоа го тестиравме системот и секако мерката треба да го види светлото на денот и сите оние кои што треба да ја добијат таа минимална плата треба да им се исплати. Она која што е наша обврска е да видиме како оди поднесувањето на пријавите, односно на декларациите и да видиме дали во законски предвидениот рок се исплаќа платата, она останато ќе биде во рамки на државниот инспекторат за труд”, изјави Сања Лукаревска, УЈП.