Луксузниот бренд Мериот со прв хотел на албанското крајбрежје

Добро познатиот хотелски бренд Мериот слетува во Валона, како дел од Влора Марина Резиденц. Меѓународно сертифицираниот хотел со 5 ѕвезди и официјално ќе биде инвестиција со додадена вредност на Влора Марина Резиденц, благодарение на потпишaниот договор од 100 милиони евра помеѓу Влора Марина Резиденц и Мериот Интернешнал. Инвестицијата предвидува основање и управување со хотелот „Влора Мериот“ како и воведување на нов концепт на брендирани апартмани за Албанија и регионот.
„Покрај 150-те соби, како дел од хотелските простории, ќе има и околу 150 брендирани апартмани. Ова е нов концепт за регионот и е претставен за прв пат во Албанија во нашиот проект“, вели Ардијана Соколи, потпретседател за недвижен имот во Групацијата БАЛФИН.
Оваа оаза на гостопримството во Валона ќе ја управува истиот тим на Мериот, како гаранција за квалитетот и високите меѓународни стандарди, по кои се познати на ова поле. Претставниците на Мериот Интернешнл на оваа нова соработка гледаат како на исполнување на побарувачката што Албанија ја има за вакви брендови во угостителската служба.
„Со овој хотел среќни сме што ќе го зајакнеме нашето присуство во Албанија. Првиот хотел во Албанија го отворивме на почетокот на оваа година, додека ова ќе биде наш прв хотел на крајбрежјето на Албанија“, вели Силвија Ловрета, директор за Југоисточна Европа, Мериот Интернешнл.
Брендираните соби и апартмани ќе бидат погодни не само за оние кои патуваат за бизнис во Албанија, туку и за туристите. Хотелот ќе вклучува внатрешни и надворешни базени, четири ресторани и барови, приватна плажа, како и други услуги како центар за третмани, фитнес центар и специјални модерни простории за состаноци и бизнис.
Алсат