Лума: Да не се политизира прашањето за вакцините

За политичкиот коментатор, Илир Лума, важно е политиката да си ја заврши својата работа во однос на здравјето на граѓаните, но според него во ниту еден момент не треба и не смее да се политизира ова прашање. Лума потсети дека според Хипократовата заклетва не е важно дали вакцините доаѓаат од една или друга земја, но она што е важно, како што вели, е колку што е можно побрзо да се спроведе процесот на вакцинација.
„Од гледна точка на заклетвата на Хипократ, тука нема дилеми. Медицината не познава граници и тоа е демагогија, бидејќи секогаш кога некое лице треба да го заштити своето здравје не бира каде да оди, може да оди … дури и во принципите на медицината е така, дури и на најголемиот непријател да му треба помош, треба да му се даде. Потоа, има соодветни институции што можат да го казнат тој непријател, зборувам во наводници. Така, од оваа гледна точка, секое дејствие што е направено за време на приемот и испораката на вакцините е оправдано, не само во Македонија, туку и во Албанија, во различни земји. И повторно велам, за жал, политичарите некако ја преценуваат работата што ја работат, за нешто за што се обврзани како политичари да формулираат соодветна здравствена политика, во интерес на здравјето на населението“, вели Лума.