Љупчо Јаневски поднесе оставка од директорската функција во Агенцијата за туризам

По речиси шест години откако е на чело на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски поднесе оставка од директорската функција.
Оставката, како што вели во изјава за МИА, ја поднел од лични причини.
Во вчерашната објава на Фејсбук, во која информира за отстапувањето од директорската функција во Агенцијата, Јаневски вели оти во изминатите пет години откако е на чело на Агенцијата, се постигнати историски резултати.
„Историските резултати што ги постигнавме во изминатите 5 години говорат за нашата работа. Тоа што го затекнав пред 5 години и бројките што ги оставаме денес во некој следен подолг текст. Сакам да се заблагодарам на туристичкиот сектор, медиумите, партнерите и меѓународните организации за соработката. Каква држава ќе изградиме, во таква држава ќе живееме. Македонија мора напред!“, пишува Јаневски во објавата на својот фејсбук-профил.