МЕТРОПОЛ

Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите?

Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се користат за здрава кожа и сјајна коса.

Advertisements

Многумина имаат навика да ја фрлаат лушпата од банана, но дали сте знаеле дека лушпите содржат хранливи материи кои се исклучително корисни за вашата кожа и коса?

Лушпата од банана е добра за првут и чистење на скалпот, а може да се користи и при појава на псоријаза и егзема.

Како и за што да ја користите лушпата од банана?

За кожата на лицето

Еден од наједноставните начини да ја користите лушпата од банана за вашата кожа е директно да ја втриете, така што ќе ја намалите сувоста на кожата, а ќе ви помогне и во борбата против брчки.

За оваа цел, најпрво измијте го лицето со млака вода и исушете го со чиста крпа. Потоа, земете лушпа од банана и втријте ја на лицето и нежно масирајте 10-тина минути. На крај, измијте го лицето со ладна вода.

Маска за лице со лушпа од банана

Лушпата од банана е богата со витамини Б6 и Б12, како и антиоксиданти, кои помагаат во борбата против некои проблеми со кожата.

За да направите маска, земете половина лушпа од банана и исечкајте ја на мали парчиња.

Додајте малку млеко и направете паста, а по желба може да додадете и мед. Потоа, нанесете ја на лицето и оставете ја околу половина час, па добро измијте ја со вода.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button