
Скопското Кале, кое повеќе од седум години е затворено и секој на своја рака оди таму, во текот на мај наредната година повторно ќе биде отворено за посетители, најави денес министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
„Сега на терен имаме работна група, имаме стручни лица, кои ги согледуваат штетите кои што се направени во овие седум години и за многу краток период ќе имаме извештај до каде е состојбата и ја инсистирам до сите работни групи да ни го дадат извештајот што побргу и се надеваме дека некаде на почетокот на пролетта, можеби некаде мај месец, калето ќе биде отворено за посетители“, рече Зоран Љутков-министер за култура.
Дека симболот на Скопје, тврдината Кале, пропаѓа потврди и министерот.
„Калето е затворено веќе седум ипол години. Има страшна вегетација, музеите кои што биле, само требало да се удри клуч, да се отворат и да се отвори калето, тоа не се случило и се оставени во овие седум години без никаква заштита“, додаде Зоран Љутков-министер за култура.
Од Управата за заштита на културното наследство неодамна за Алсат изјавија дека започнале активности со цел Скопското кале да се врати како главна туристичка атракција на Скопје. Калето ќе се прогласи за локација од посебно културно значење, што значи дека ќе се назначи институција која ќе раководи со него, а која ќе биде надлежна за чистење, осветлување, хигиена, работа на музеите. Говорејќи на прес конференцијата по повод 100 дена Влада, Љутков пред извесно време кажа дека на Калето ќе се гради музеј а црква./Алсат.мк
Мики Трајковски