ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Љутков: Универзална сала е преземена на незаконски начин, со бројни прекршувања

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков е задоволен од сработеното во првите 100 дена од работата. Најавува нови проекти и иницијативи кои ќе ја унапредат културната понуда. Ветува дека Скопје ќе има Универзална сала која ќе биде готова до 2028 година, но дека таа ќе биде изградена на законски и легален начин.

Advertisements

На денешната прес-конференција, Љутков посочи дека Универзалната сала е преземена од Град Скопје на незаконски начин со бројни прекршувања на законските прописи во постапката за преземање и во постапките на спроведување на јавните набавки.

– По темелно и стручно прегледување на целокупната документација, процес кој траеше два месеца, Извештајот е готов и фактите потврдени од професионалци и искусни правници, вработени во Министерството за култура и туризам, говорат дека Универзална сала е преземена од град Скопје во Министерството за култура и туризам на незаконски начин, во постапка која е проблематична, со прекршувања на повеќе закони, рече Љутков.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button