ВЕСТИ
МААЕ сѐ уште нема пристап до покривот на централата во Запорожје

Експертите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и натаму чекаат да добијат пристап до покривот на нуклеарната централа во Запорожје, што е заземена од руските сили, јави ДПА.
„Специјалистите на МАЕЕ претходно неделава извршија дополнителни инспекции на централата и открија дека „нема видливи индикации за експлозиви или мини“, се наведува во извештајот на МААЕ објавен вчера.
Сепак, Агенцијата продолжи да бара пристап до покривите на реакторите и нивните турбински сали, се наведува во соопштението, цитирајќи го генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси.
„Експертите на МААЕ не пријавија дека слушнале експлозии во текот на изминатата недела, за разлика од претходната недела кога тоа беше речиси секојдневна појава“, рече Гроси.