СВЕТ
МААЕ: Враќањето на инспекторите во иранските нуклеарни постројки е приоритет

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денес изјави дека главен приоритет за инспекторите на агенцијата е да се вратат во нуклеарните постројки на Иран за да ги проценат последиците од неодамнешните воени напади врз нуклеарната програма на Техеран, но истакна дека тоа нема да биде лесно.
Гроси им изјави на новинарите во Виена, за време на состанокот на австриската влада, пренесува Ројтерс.
Претходно, иранскиот парламент усвои закон кој предвидува суспензија на соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија, а за да стапи во сила, тој мора да биде потврден од Врховниот совет за национална безбедност на Иран.