
Атлетико Мадрид извојува убедлива победа на гостувањето кај Ваљадолид со 0-5 во 15. коло од Примера. Стрелци беа Ленгле, Алварез, Де Пол, Гризман и Сорлот, но она што го направи францускиот ас во 52. минута беше спектакуларно.
Гризман на патот кон голот беше блокиран од Станко Јуриќ, но асот на Атлетико се ослободи од него, играјќи двојно додавање со Алварез. Така тој повторно ја прими топката, сега во шеснаесетникот, а тоа го направи со мајсторска пета. На крај без проблеми ја смести топката во противничката мрежа.
Велемајсторските потези на Гризман ги натерaа навивачите на Ваљадолид да станат од своите места и да му аплаудираат.