Магла и загаден воздух во главниот град

Скопје се разбуди во магла и загаден воздух. Аерозагадувањето е највиското во три населби, Бутел, Кисела Вода и Маџир Маало.
Куманово, Струмуца, Гевгелија исто се најдоа на листата на загадени градови. Граѓаните велат дека веќе се навикнати на аерозагадувањето. На некои многу им пречи, други пак, веќе се имуни.
„Па дишеме некако. ¬Па јас не осеќам проблем, ама некој што има проблем со астма и така натаму, тој може да осети разлика“…
„Отсекогаш кај нас е загадено и колку што знам не е добро. Може и повеќе да е загадено, но не се плашам. Веќе сме имуни на тоа“, рекоа граѓаните.
Екологистите очекуваат во новата грејна сезона да има промена во клваитетот на воздухот. Но, почист воздух ќе дишиме ако се работи на тоа.
„Конкретно да се насочи на промена на начинот на греење на овие објекти кои загадуваат многу во нашата средина и тоа добар чекор напред, бидејќи според нас исто јавниот сектор мора да прикаже една посветеност за промена на начинот на греење и посветеност за елиминирање на штетните емисии во воздухот, па за да граѓаните следат, бидејќи која е поентата секогаш топката да се префрла кај граѓаните дека е вината, а јавните институции да не преземаат ништо“, рекоа од „Еко свест“.
Според Министерството за екологија, од година в година дишеме почист воздух.
Игор Стефановски