ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Магла во Скопје се апелира на внимателно возење

Главниот град денеска е покриен со магла, делумно и од загадување, но за среќа не е на врвот на листата по загадување. Појдовме до Водно за да видиме дали има видливост и дали од овде се гледа Скопје. Освен маглата, ништо друго не можеше да се види.

Advertisements

АМСМ апелира до граѓаните да возат внимателно, бидејќи маглата ја намалила видливоста од 50 до 80 метри.

„Намалена видливост поради магла од 50 до 80 метри има на патните правци Тетово – Групчин, Битола – Прилеп, Куманово и Скопје – Велес. Интензитетот на сообраќајот на патиштата вон градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни места, соопштуваат од АМСМ.

Маглата во главниот град го зафати и воздушниот сообраќај. Некои летови се одложени, а други откажани.

Дека денеска Скопје е уште по загаден покажуваат податоците на Министерството за животна средина. Жителите на главниот град се качија на „Водно“ со идеја дека таму ги чека нешто подобро, но покрај маглата, наидоа на густ сообраќај, со редица од околу еден километар.

Денеска најзагадени беа Берово, Гостивар, Тетово, Прилеп, Битола, Струмица, Кичево, Центарот на Скопје, Лисиче, Ѓевѓелија и Кавадарци. За загадувањето во Гостивар и Тетово од Министерството за животна средина рекоа дека го надминува прагот и на сила треба да стапат мерките за загадување над дозволено.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button