МАКЕДОНИЈА

Маглешов: Бурлеска при изборот на обвинители за гонење организиран криминал

Последниот избор на јавни обвинители за гонење организиран криминал и корупција помина во гротескна атмосфера без дискусија за квалитетот на кандидатите, вели во своето вечерашно гостување во “Емисија 200“ на Алсат, новинарот Васко Маглешов. Коментирајќи го начинот на кој се спроведувал изборот на членовите на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, тој меѓудругото рече:

Advertisements

„Поголема транспарентност има кога се бира член на куќен совет отколку јавен обвинител за гонење организиран криминал и корупција. Последниот избор, којшто помина во една гротескна атмосфера…топтан се бираа сите. Тие се изјаснуваа еден по еден, меѓутоа немаше никаква индивидуализирана дискусија за тоа – зошто овој кандидат, со име и со презиме, зошто е добар, какви предмети работел. Да види јавноста кој ќе гони организиран криминал. Сѐ тоа беше една бурлеска“, вели Маглешов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button