МАКЕДОНИЈА

Маглешов: Имаме инфлација од нормативи, потребно е реформа на интегритетот на луѓето

Во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат, новинарот Васко Маглешов, говорејќи за состојбите во правосудството рече дека во земјава постојано има донесување на разни закони и правилници, но како што вели, најголемата реформа треба да биде интегритетот на луѓето.

Advertisements

„Во 2017 година беше донесена стратегија за реформа во правосудството. Веднаш по промената на власта. Таа е на 60-тина страници, може да се најде и денеска. Сега да ја отворите стратегијата ќе ги напишете истите работи бидејќи важат истите проблеми што важеле и тогаш. Сакам да речам, имаме една нормативна инфлација, донесуваме закони, правилници, постојано нешто се менува и усогласува. Во суштина најголемата реформа на интегритетот којашто поаѓа од самите луѓе“, вели Маглешов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button