Маглешов прашува: Зошто ниту еден судија не ги осуди случувањата во Судскиот совет?
Маглешов прашува: Зошто ниту еден судија не ги осуди случувањата во Судскиот совет?

Новинарот на Балканската истражувачка мрежа, БИРН, Васко Маглешов, поканет во емисијата „360 степени“ на Алсат, изјави дека е изненаден од фактот што ниту еден судија не излезе јавно да ги осуди случувањата и прекршоците што беа направени во Судскиот совет. Според него, судиите како да не ја познаваат нивната моќ за да бидат независни и сами да одлучуваат.
„Како е можно, по сето ова што се случи, еден судија да не се појави во јавноста и да ги осуди случувањата во Судскиот совет? Станува збор за нивното матично тело кое треба да се грижи за нивната работа, тие не го препознаваат како такво, ова го видовме од истражувањето на ОБСЕ, но и покрај тоа, да ве потсетиме дека пред неколку месеци во соседна Србија имаше настан каде практично на двајца обвинители им беа одземени предмети од раце, имаше протести за тоа, јавни обвинители излегоа на протести. Да зборуваме за Србија, не одиме понатаму. Тоа значи дека колегите на оние обвинители на кои им беа одземени предметите беа во емисии и им даваа поддршка на своите колеги. Тоа е незамисливо за нас, па ми се чини дека дури и судиите не се доволно гласни, односно тие се гласни во ходниците или во комуникациите едни со други, но не доволно гласни јавно или не ја препознаваат својата моќ да бидат независни и да одлучуваат“, рече Маглешов. /Алсат.мк