МАКЕДОНИЈА

Маглешов: Внимателно ќе ги разгледаме имињата на владините хонорарци

Новинарот Васко Маглешов од БИРН, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, рече дека БИРН ќе ги разгледа имињата на сите ангажирани хонорарци од страна на владата, откако истите ќе бидат објавени.

Advertisements

„Можеби ќе најдеме интересни имиња, ќе видиме допрва, не би сакал да шпекулирам, но штом ги добиеме, секако, ќе ги разгледаме внимателно и ќе ги проучиме и не само тие, туку и сите наредни фактури, не само на владата туку и на сите останати институции“, рече Маглешов.

Новинарот Васко Маглешов на порталот Призма ја објави сторијата преку која беше обелоденето дека со аргумент – заштита на приватноста, владата под ставка „други договорни услуги“, во декември 2020 година исплатила 58 фактури во вкупна вредност од околу 37.000 евра за ангажирани хонорарци, без притоа да бидат објавени нивните имиња.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button