МАКЕДОНИЈА

Маглешов за „Монструм“: Разните шпекулации околу сторителите, пласирани подолг период, создаваат сомнеж кај народот

Судот не треба да се води според јавното мислење туку според фактите и доказите, вели во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат, новинарот Васко Маглешов. Говорејќи за судскиот процес „Монструм“, кој влегува во својата завршница, Маглешов коментира дека очекувањата кај народот во врска со епилогот веројатно биле кренати на повисоко ниво со најавите дека можеби текот на постапката ќе биде променет по преслушување на содржината од таканаречените „бомби“.

Advertisements

„Но, настрана од целата оваа атмосфера која што беше генерирана со месеци и недели, особено години наназад, дека можеби ова не се, можеби се некои други и така натаму, создаде малку сомнеж во јавноста дека можеби има нешто што не е доистражено“, рече Маглешов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button