ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Магливо утро, попладне дожд, а на повиските места и снег

Магливо утро, попладне ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на повиските места и снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
„Минималната температура ќе се движи од – 3 до 3 степени, а максималната од 5 до 14 степени“, прогнозираат синоптичарите.
На некои места врнежитее ќе бидат пообилни, а ќе дува умерен ветер.
Во Скопје претпладне ќе има магла, а попладне ќе врне дожд, како и во текот на ноќта.
Стабилизирање времето се очекува да има во недела, а од понедеелник се очекуваат врнежи од снег.