Мајката на убиената Вања сведочи на денешното рочиште за двојното убиство

Мајката на убиената Вања Ѓорчевска, Зорица Ѓорчевска, утринава пристигна во Основниот кривичен суд Скопје каде што во моментов сведочи на денешното рочиште од судењето за двојното убиство на 14-годишното девојче и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.
Ѓорчевска во Судот пристигна во друштво на својата адвокатка.
Ѓорчевска одговара на директни прашања на обвинтелката, која прво ја прашуваше за станот во кој живелее на улицата „Наум Наумовски Борче“ и околу неговата сопственост.
Беше прашана што се случувало критичниот ден на 27 ноември кога исчезнала Вања.
Ѓорчевска раскажа детали од моментот кога класната раководителка на Вања ја известила дека девојчето не е на училиште, првичната потрага што ја напаравиле со Александар на местото каде што била последната локација на телефонот на Вања, пријавувањето во полицијата и натамошната потрага.
Во Судот се обвинетите Љупчо Палевски-Палчо, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Обвинетите на претходното рочиште се изјаснија за невини.