ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мајката на Вања изјави дека не ги познава обвинетите

Мајката на Вања изјави дека не ги познава обвинетите

Уште на денот на исчезнувањето, таткото на Вања тврдеше дека таа е киднапирана, рече денеска пред судот мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, како прв сведок во судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Ѓорчевска рече дека таткото на Вања, Александар, бил потиштен тажен по исчезнувањето на Вања, бил дел од потрагата по неа, но и дека постојано тврдел дека Вања е киднапирана.

Advertisements

“Од прв момент тврдеше дека Вања е киднапирана, велеше нема што друго да биде. Тоа им го кажуваше дури и на полицијата. Кога бевме во полициска станица во еден момент му се развикав да престане да зборува така, дека полицијата користи друга терминологија. Претпоставував дека ја идеализира Вања и не може да прифати дека можеби побегнала”, рече Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената Вања Ѓорчевска.

Адвокатот на Александар, Владимир Туфегџиќ, рече дека исказот на Ѓорчевска го потврдува редоследот на настаните и улогата на Александар во потрагата по својата ќерка. За тврдењето на Александар дека Вања била киднапирана, вели дека и мајката имала свои теории што можеби се случило со Вања.
„Сведокот многу јасно и децидно појасни особено на вкрстеното прашање, дека пред се и таа имала своја теорија дека Вања избегала дека некој ја прелажал и така натаму, појасни во која смисла и која насока таа го разбира неговото толкување, односно неговото мислење дека Вања е киднапирана и појасни во таа насока дека тој не можел да се помири во фактот, бидејќи многу и верувал на децата, ако внимателно слушавте, дека неговото дете избегало или некој ја прелажал„, рече Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчевски .

Во однос на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, Ѓорчевска рече дека не го познава, не ги познава ниту другите обвинети, но оти знае кој е Палчо. Таткото на Зорица токму од Палевски го купил станот од каде се случило киднапирањето, но таа рече оти не знае дека Палевски и татко и имале несогласувања. Според одбраната, токму ова покажува дека Палевски не е поврзан во случајот.

„Од искази на овие оштетени во својство на сведоци нема ниту еден дел од нивниот исказ кој би упатувал на тоа дека Палевски е сторител на ова кривично дело. Нашите прашања беа во насока дури и на тоа, баравме од оштетената и субјективно мислење евентуално дали можеби претпоставува дека можеби нејзиниот сопруг и обвинетиот Љупчо Палевски биле во некаков контакт, истата на таа околност наведе дека не и е познато„, додаде Марјан Витановски, адвокат на Љупчо Палевски Палчо.

Покрај Ѓорчевска, сведоци на денешното судење беа и ќерката на убиениот Панче Жежовски – Ана Кркова и нејзиниот сопруг Тодор Крков. Кркова рече дека не го познава Палевски, ниту другите обвинети освен велешанецот Велибор Манев. За Манев рече дека со години водел судски спор со нејзиниот татко бидејќи тој требало да постави бекатон плочки во неговиот двор, но дека откако настанал проблем околу исплатата, Манев ги извадил поставените бекатон точки и потоа случајот завршил на суд. Епологот од судскиот процес не им бил познат ниту на Кркова ниту на нејзиниот сопруг. Судењето против Палчо како првообвинет, тројцата соизвршители и таткото на Вања обвинитет како помагач, ќе продолжи во среда со испрашување на сведоци. Велешанецот Панче и малолетната Вања, кои беа пријавени за исчезнати на 24 и 27 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември минатата година./Алсат.мк

Михаило Донев

 

 

 

од него купил стан, тој на „Наум Наумовски Борче”, каде што се случи киднапирањето. Одговори и дека не ѝ е познато дека имале несогласувања. Односно дека ако имале, татко ѝ би се повлекол.

 

Набргу по исчезнувањето, таткото на Вања тврдеше дека таа е киднапирана, а на моето прашање зошто мисли така, тој постојано велеше дека нема што друго да биде, рече денеска мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, давајќи исказ пред судот како прв сведок во судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Мајката на Вања, одговарајќи на прашања на обвинителката најпрво го опиша исчезнувањето на Вања, истакнувајќи дека класниот раководител ја известил дека Вања не е на час, по што таа го известила таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, се упатила кон него и потоа заеднички ја започнале потрагата. Зорица објасни дека таа и Александар ја известиле полицијата, а потоа таа заедно со полицијата се упатила кон местото каде што на гугл мапс пишувало дека последен пат се наоѓа телефонот на Вања, но откако пристигнале таму не ја пронашле. Ѓорчевска на обвинителката и објаснуваше и на кој начин ги прегледувале камерите додека ја барале Вања, кој се бил вклучен во порагата, но и за нејзиниот однос со нејзиниот поранешен сопруг Александар. Ѓорчевска објасни и дека по исчезнувањето на Вања, Александар бил потиштен и тажен, додека во минатото знаел да биде импулсивен, иако рече дека ги сакал своите деца. Во понатамошниот тек на судењето, Ѓорчевска се очекува да одговара и на прашања на одбраната, а потоа во судот ќе се појават уште двајца сведоци, роднини на убиенот Панче Жежовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button