ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мак Канабис: Со Агенцијата за канабис овој бизнис ќе биде контролиран

Од здружението Мак Канабис за Алсат велат дека со формирањето на Агенцијата за канабис дејноста оди чекор напред, бидејќи бизнисот ќе има регулаторно тело. Но, велат дека законот мора да се носи со забрзано темпо, се со цел да се доуредат подзаконските акти кои се клучни во делот на извозот на цвет од канабис. Се уште има многу недоречености во правилата за игра во овој сектор. Државната Агенција за лекови не секогаш излегува во пресрет на компаниите од оваа дејност, вели Костадин Дуковски од задужението Мак Канабис.

Advertisements

„Агенцијата како регулатор меѓу другото треба да се грижи и за поставеноста и системските решенија и во најбрз можен рок апелираме да се донесат подзаконските акти кога законот ќе стапи на сила, од кога ќе помине во Собрание. Со подзаконските акти, еве да споредам ако сакаме да извеземе ние, за разлика од државите од ЕУ, тие без проблем може да направат извоз, а сега како што е поставен законот, треба да поднесеме барање до МАЛМЕД а МАЛМЕД да ни даде согласност. Но имаме недоречености во законот и затоа МАЛМЕД во некои случаи нема волја да даде согласност за извоз на цветот. “

Според Владата, Агенцијата за канабис ќе ја врши контролата, потоа ќе ги штити инвестициите и државниот интерес, но ќе треба да внимава состојбата со канабисот да не излезе од контрола.

„Се воведува нова давачка од дополнителни 10 отсто од приходот од извесените количества, а тие пари ќе одат во специјален фонд. Целта е граѓаните да видат јавно добро, а ќе биде поддржан Фондот за ретки болести, Фондот за медиуми, за продукции на содржини од јавен интерес, како и програмски содржини од спортот, културата, и граѓанскиот сектор.“

Во Македонија во овој бизнис има околу 60 компании кои се занимаваат со производство на канабис за медицински цели. Просечната плата на вработените е околу 700 евра. Невладините засега не се задоволни од брзината на процесот на декриминализација на марихуаната и користењето за рекреативни цели.

Ile Petrevski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button