
Кошаркарската репрезентација на Македонија замина за Талин каде ќе го игра клучниот дуел од квалификациите за Европското првенство (ЕП) против Естонија, а ќе мора без класичен центар во тимот.
Тео Симиќ се соочува со вирус и заради покачена телесна температура ќе остане дома. Така, селекторот Јончевски има огромен проблем, затоа што на располагање нема ниту еден класичен центар кој би помогнал за добра игра под обрачите.
Покрај Тео Симиќ, од составот на Македонија испаѓа и младиот Шошкиќ. Дуелот меѓу Естонија и Македонија се игра на 21 февруари, а нашиот национален тим мора да оди на победа со барем пет поени разлика за да остане во игра за Евробаскетот.
FOTO: Gol.mk.