РАКОМЕТСПОРТ

Македонија без Митревски и Талески против Естонија и Литванија

Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави скратениот список на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2026 година.

Advertisements

Во рамки на ЕХФ неделата Македонија ќе одигра два квалификациски натпревари против Естонија и Литванија. Најдобрите ракометари од Македонија во првото квалификациско коло ќе играат против селекцијата на Естонија во СЦ „Борис Трајковски“, а натпреварот е закажан за 06.11.2024 (среда) со почеток во 20:00 часот.

Во второто квалификациско коло нашите ракометари ќе играат на гостински терен против селекцијата на Литванија, а почетокот на натпреварот е закажан за 17:00 часот по локално време.

Собирот се закажува за ден 3-ти Ноември 2024 година (недела) со почеток во 14.00 часот во Хотел Карпош во Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button