Македонија даде зелено светло за договорот со Србија, граничниот премин Табановце да работи со системот „Уан стоп шоп“
Македонија даде зелено светло за договорот со Србија, граничниот премин Табановце да работи со системот „Уан стоп шоп“

Со 87 гласа „ЗА“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“, Собранието го ратификуваше договорот меѓу Македонија и Србија, за имплементација на системот „Уан стоп шоп“, на границата кај Табановце, каде наместо два контролни пункта, ќе има само еден, што, според властите, се очекува да го скрати времето на чекање.
„Констатирам дека Парламентот го одобри законот за ратификација на договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничните премини за меѓународен сообраќај“, рече Африм Гаши, претседател на Собранието.
Сега останува договорот да помине и во српскиот парламент, за да може да стапи на сила. Граничниот премин Табановце, според податоците на МВР, е најфреквентниот премин. Во текот на летната сезона, граѓаните обично чекаат со часови за да влез и излез. Се чини дека протокот веќе почнал да се зголемува, додека подолги редици се појавија во текот на изминатиот викенд, каде што околу 80 илјади граѓани влегле и излегле од земјата преку овој граничен премин.
„Од 50.184 лица кои влегоа, 41.016 беа странци, додека 9.168 беа домнашни жители. Додека од 29.401 лица кои излегоа, 19.111 беа странци, а 10.290 беа домашни жители“, велат од Министерство за внатрешни работи.
Во текот на летната сезона, кога иселениците се враќаат во татковината, а српските граѓани одат на одмор во Грција, редиците на граничниот премин во Табановце достигнуваат и до 2 км, додека чекањето може да биде до 1 час. Моментално, системот Уан стоп шоп е имплементиран во Блаце и Јажинце помеѓу Македонија и Косово./Алсат.мк
Ајнур Бафќари