
Економистите ги критикуваат мерките на Владата за замрзнување на цените. Велат дека С Македонија е единствената земја во Европа, дури и во светот, која сè уште го практикува замрзнувањето на цените на слободниот пазар. Според професорот по економија Абил Бауш, замрзнувањето на цените е само во корист на трговците, бидејќи кога потоа во ноември мерката ќе престане да се спроведува, ќе дојде до нов бран поскапувања на храната. Бауш додава дека државата ја изгубила контролата врз самоволието на приватните трговци и не ги спроведува правилата за слободна трговија. Тоа значи дека не ги охрабрува доволно малкуте домашни производители за да ги задоволат потребите на пазарот. Наместо тоа и понатаму опстојува монополот на увозниците кои наметнуваат високи цени.
„Европските земји поставија дефиниции за цените за ресурсите: електричната енергија, нафтените деривати и тие влијаеја врз синџирите на големите пазари низ Европа. Им помогнаа на домашните производители и тоа даде резултат, но кај нас не се случи така. Да се преземат претприемачки иницијативи за поконкурентен пазар, во ситуација кога пазарот треба да биде конкурентен, со овие мерки пазарот се задушува. Ние само ја одолговлекуваме кризата и во оваа ситуација не дозволуваме да ја добие вистинската форма“, рече Абил Бауш, експерт.
Според експертите, цените се стабилизираа уште на почетокот на јули, донекаде како последица на пролетните мерки на претпазливост, кога беа замрзнати цените на многу прехранбени производи. Потоа со доаѓањето на иселениците и растот на потрошувачката, поскапувањето на струјата и на нафтените деривати во вториот дел на јули и август, цените го следеа трендот на континуиран раст. Овие последици се чувствуваат и во пресрет на есента кога се зголемуваат подготвителните трошоци за зимската сезона.
Аднан Ќаили