СПОРТФУДБАЛ

Македонија Ѓ.П. – Од понеделник продолжуваат подготовките во Хрватска

Екипата на Македонија Ѓорче Петров, за разлика од останатите екипи од Првата македонска фудбалска лига, главните подготовки наместо во Анталија ќе ги продолжи во Хрватска. Тренерот Тони Џангаров е убеден дека е формиран тимот кој ќе се бори за излез од опасната зона и Купот на Македонија каде се наоѓа во полуфиналната фаза.

Advertisements

„Имавме слаба реализација, но сега ги ставивме работите на една карта и доведовме квалитетен напаѓач, како Крсте Велковски, многу квалитетен репрезентативец и познат напаѓач, како Балотели, кој беше дел од Вардар и знаеме каков успех имаше тогаш Вардар…“, изјави тренерот Џангаровски.

Џангаровски смета дека подготовките одат во добра насока и главна цел останува европското натпреварување.

„Сите се фит и подготвени за тренинг во овој тренинг центар каде ги правиме сите подготовки и тука сме цели 7 дена….Не сум задоволен од позицијата на табелата и главната цел е да избегаме од дното, но несомнено ќе го бараме и трофејот во Купот. Излегувањето во Европа останува принципиелен дел“, додава Џангаровски.

Ѓорѓи Стоилов и Алтин Алији се задоволни од досегашните подготовки и веруваат дека тимот од Ѓорче Петров ќе биде изненадувањето на пролетната сезона.

„Благодарност до тренерот што ми даде можност да играм. Дадов и два гола, еден во Купот и еден во Првата лига. Продолжуваме со тренинзи, следниот натпревар го имаме во вторник, против Динамо Загреб. Се подготвуваме за тој натпревар и ќе продолжиме и за другите…“, изјави Алтин Алији, фудбалер на Македонија Ѓорче Петров.

„Работиме да излеземе од оваа криза и мислам дека во пролетниот дел ќе докажеме дека можеме и убеден сум дека ќе најдеме излез“, изјави Ѓорѓи Стоилов, фудбалер на Македонија Ѓорче Петровит.

На 16 јануари Македонија Ѓорче Петров ќе ги одмери силите со Динамо Загреб, на 20 јануари ќе го предизвика Осиек, на 23 јануари ќе го пречека Алуминиј, додека на 31 јануари ќе биде предизвик со Сараево. Во меѓувреме, на 10 февруари е закажан предизвикот со КФ Беса, иако во меѓувреме може да одиграат дополнителни натпревари, бидејќи има неколку понуди од екипата на Првата лига на Србија.

Махир Тачи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button