Македонија, геостратешка дестинација за транзит на дрога

Македонија продолжува да биде дестинација и стратешкa позиција на меѓународната мафија за транзит на дрога во Европа. Ова е мислењето на експертот за безбедност, Никола Дујовски, според кого наркотиците се лесно достапни за младите кај нас.
Дујовски вели дека земјава е геостратешки поволна за транзит на дрога, особено на онаа која циркулираат од Авганистан преку Блискиот Исток и завршува во Западна Европа. Ова се должи на тоа што трасата е полесна и не се користи воден и авиосообраќај.
Но, од МВР велат дека полицијата постојано ја зголемува својата ефикасност во борбата против шверцот на дрога. Дури и во соработка со меѓународни колеги.
Од полицијата велат дека само на почетокот на оваа година кај нас се уапсени неколку локални дилери на дрога. МВР соопштува дека во текот на минатата година низ државата се прекинати 16 меѓународни пратки со марихуана вредни 15 милиони евра, извршени се 400 рации во куќи и 350 претреси на лица и возила. Додека против 941 лице се преземени мерки. Запленети се 1.800 килограми марихуана, 20.502 корени марихуана, 2.300 семки канабис, околу 1.500 таблети синтетичка дрога, 8 килограми хашиш, 1,2 килограми хероин и други наркотици. Додека против 287 лица се поднесени кривични пријави, за 215 кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотици.
Мефаил Исмаили