ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија го одби барањето на Украина за донација на воена опрема

Овојпат не сме во можност да одговориме позитивно на новото барање на Украина за донација на воена опрема од Македонија, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешниот брифинг со новинарите.

Advertisements

Таа додаде дека опремата која ја побарала Украина ни е потребна и се користи во нашата држава.

Претходно два пати имавме позитивни одговори кон Украина. Тогаш, министерката за одбрана велеше дека земјава и донирала авиони и тенкови на Украина за да се одбрани од руската инвазија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button