
Заврши групната фаза од Европското ракометно првенство во женска конкуренција по што е познат пласманот на репрезентациите кои не успеаја да се пласираат во следниот сегмент. Македонија на крајот го освои 18. место, а зад неа се најдоа Фарски Острови, Турција, Србија, Португалија, Украина и Словачка.
Навидум ова е најслаб пласман на женската репрезентација на Македонија, но само затоа што ова е прво Европско Првенство на кое учествуваат 24 селекции, а претходно настапуваа по 16.
Но реално македонскиот женски национален тим е на дури шест места од последната позиција на која завршуваше при претходните две учества, во 2012 и 2022 година. На првенството што се одржува во Унгарија, Австрија и Швајцарија, Македонија доживеа два пораза, од Унгарија и Шведска, а ремизираше со Турција што на крајот ѝ го донесе 18. место.