СПОРТФУДБАЛ

Македонија ЃП спогодбено се раздели со тренерот Тони Џангаровски

Македонскиот прволигаш Македонија ЃП се раздели со тренерот Тони Џангаровски. „Лавовите“ го загубија мечот против Воска Спорт (1-2) на домашен терен, а претходно беа поразени убедливо и против Брера во Струмица.

Advertisements

„Ве известуваме дека денес спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер Тони Џангаровски, кој ја водеше нашата екипа во изминатите три месеци. Оваа сезона, работите не одеа на посакувото ниво, па затоа, по заедничкиот денешен разговор, спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер. За сето сработено во нашиот клуб, му се заблагодаруваме од се срце на Тони Џангаровски и му посакуваме многу здравје, среќа и успеси во иднина“, објави Македонија ЃП.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button