ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија и Албанија ќе одржат заедничка владина седница

Заедничка меѓувладина седница ќе одржат владите на Северна Македонија и на Албанија денеска во Скопје. На седницата официјални обраќања ќе имаат премиерите Димитар Ковачевски и Еди Рама.
Министри од двете земји ќе потпишат договори и меморандуми за продлабочување на соработката.

„Односите меѓу Северна Македонија и Албанија се на исклучително високо ниво, исто како што се на исклучително високо ниво и со другите соседни држави“, изјави вчера премиерот Ковачевски.

Владата сѐ уште не кажа каква е агендата за денешната меѓувладина седница и посетата на делегацијата од Албанија, но, како што кажа вчера премиерот, по средбата веројатно ќе следува и прес-конференција со премиерот на Албанија, Еди Рама.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button