ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Македонија и Србија потпишаа Меморандум за соработка за брза пруга од Ниш до Скопје

Македонија и Србија денеска потпишаа Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси како дел од железничкиот Коридор 10.

Advertisements

Меморандумот е потпишан во Владата на Република Србија од страна на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ, во присуство на премиерите Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ, јави известувачот на МИА од Белград.

Во следниот период треба да се формира работна група која ќе треба да го дефинира акциониот план по којшто ќе се работи.

На македонска територија во првата фаза треба да бидат изградени 50 километри, а интенцијата е Коридорот 10 да биде целосно изграден односно до Солун и Атина. Брзината на оваа пруга ќе биде најмалку 160 километри на час.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button