
Познати се скоро сите учесници на Светското првенство во ракомет во јануари 2025 година. Три земји домаќини на следниот голем собир не играа квалификации, а по одигрувањето на европските бараж-двомечи непознаница е само селекцијата која ќе добие покана од Светската ракометна федерација (ИХФ).
Според хрватските медиуми Македонија ќе биде сместена во третиот квалитативен шешир. Три од четири селекции од групата ќе се пласираат во главната групна фаза. Ждрепката ќе се одржи во Загреб на 29 мај во 17:30 часот, а според желбите на навивачите Хрватска е посакувана дестинација за натпреварите од групната фаза.
Осло, Хернинг, Загреб, Пореч и Вараждин се градовите каде ќе се играат натпреварите од Светското првенство, кое ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари 2025 година.
Шешири пред ждрепката за СП 2025
Шешир 1:
Германија, Египет, Унгарија, Данска, Франција, Шведска, Словенија, Португалија
Шешир 2:
Норвешка, Холандија, Шпанија, Хрватска, Австрија, Исланд, Италија, Чешка
Шешир 3:
Македонија, Аргентина, Јапонија, Алжир, Катар, Бразил, Куба, Полска
Шешир 4:
Кувајт, Зеленортски Острови, Гвинеја, Бахреин, Тунис, Чиле, Соединетите Американски Држави, вајлд-карта