СПОРТ

Македонија ќе има свои претставници и во вештината аикидо на Комбат гејмс 2023 во Ријад, Саудиска Арабија

Годинава, во Ријад, Саудиска Арабија, од 20-ти до 30-ти октомври, ќе се одржат третите по ред Светски борбени игри.

Во делот за презентација на боречката вештина Аикидо на овие Игри, што е под координација на Меѓународната аикидо федерација (IAF), учесници ќе има и од Македонија, што е воедно и прва официјална активност на македонски аикидоки на Меѓународната сцена по нашето зачленување во Меѓународната аикидо федерација во 2020 година.

Претставници на нашата земја се аикидо мајсторот Дамјан Цингарски од Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија (www.aikido.mk), и аикидо мајсторот Трајко Манасиев од Националниот аикидо сојуз на Република Северна Македонија, кои што повеќе од 20 години се занимаваат со аикидо и работат на неговиот развој и промоција во земјава, но и меѓународно.

Аикидо вештината нема натпреварувачки карактер па затоа и двајцата мајстори ќе учествуваат во демонстративниот дел за претставување на аикидо вештината, заедно со учесници од целиот свет.

Светските борбени игри (World Combat Games) се меѓународен настан со повеќе борбени спортови и боречки вештини. Игрите беа основани од SportAccord (сега позната како Глобална асоцијација на меѓународни спортски федерации – GAISF) како начин да се прикажат различните боречки вештини и борбени спортови на меѓународната публика. Светските борбени игри се исто така придружени со културна програма која ги рефлектира древните традиции и вредности на боречките вештини, како и нивниот придонес во современото општество. Игрите се признати од Меѓународниот олимписки комитет.

Првите светски борбени игри се одржаа во 2010 година во Пекинг, со натпревари за бокс, џудо, џу-џицу, карате, кендо, кик-бокс, саншоу, муај тај, самбо, сумо, таеквондо, борење, вушу и демонстрација на аикидо. Учествуваа над 1000 спортисти од сите пет континенти. Приближно исто толку волонтери помогнаа да се одржи настанот. Во текот на осумте натпреварувачки дена беа доделени 118 златни медали.

Вторите светски борбени игри се одржаа во Санкт Петербург. На овие Игри дебитираа спортовите савате и меч.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button