СПОРТ

Македонија ќе има уште еден претставник на Летните Олимписките Игри

Македонија ќе има уште еден претставник на Летните Олимписките игри (ЛОИ) во Париз, а тоа е Анастасија Мојсовска од спортско стрелаштво. Мојсовска ќе настапи во дисциплината 10 метри воздушна пушка – жени 60 истрели додека натпреварот ќе се одржи на 28 јули годинава.

Македонката има само 22 години, но е докажан стрелец и повеќекратен државен шампион и рекордер на Македонија. Македонија ќе ја претставуваат и други двајца спортисти, а тоа се Дарио Ивановски во атлетика и Мила Рељиќ во таеквондо.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button