
Ракометната репрезентација на Македонија обезбеди пласман на седмото Европско првенство во низа откако синоќа убедливо славеше над Литванија и го освои второто место во својата група.
Континуитетот од настапи на големите натпреврувања е задржан, па сега погледите се вртат кон ждрепката за групната фаза од ЕП 2026 што е закажана за четврток.
Она што е извесно, Македонија ќе ја дочека оваа ждрепка од третиот шешир, заедно со селекциите на Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка и Полска, кои нема да можеме да ги добиеме за противници во првата фаза од континенталниот собир.
1 Шешир: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Словенија
2 Шешир: Норвешка, Португалија, Исланд, Хрватска, Шпанија, Ф. Острови
3 Шешир: Австрија, Холандија, Ц. Гора, Чешка, Полска, Македонија
4 Шешир: Грузија, Србија, Швајцарија, Италија, Романија, Украина