Македонија ќе отвори две нови ленти за излез и една дополнителна лента за влез на товарни возила на граничниот премин Богородица
Македонија ќе отвори две нови ленти за излез и една дополнителна лента за влез на товарни возила на граничниот премин Богородица

Расчистување на метежот на граничниот премин Богородица во летниот период и намалување на редиците за чекање, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, информирајќи дека годинава на овој граничен премин ќе бидат отворени две нови ленти за излез и една дополнителна за влез на товарни возила. Сето ова, според министерот ќе ги подобри условите за транзитирање меѓу двете земји.
„Од моја страна и од страна на мојот тим констатиравме дека и тоа како има услови за подобрување на граничниот надзор којшто го вршние ние на граничниот премин, односно можеме да ставиме во функција уште најмалку две ленти за излез, со реорганиација, и можеме да ставиме најмалку упште една лента за влез во делот на товарниот сообраќај. Со што, цениме дека првично ќе се подобрат условите компарирано со претходните години за транзитирање на нашите граѓани како на патнички така и на товарен сообраќај„, рече Панче Тошковски , министер за внатрешни работи.
По примерот на грчката страна пак, Тошковски најави дека во иднина ќе се работи и на отворање на посебен дел само за сообраќање на товарни возила.
„И тоа како сме фокусирани на создавање на уште еден дополнителен дел, нешто слично на граничниот премин којшто го имаат Грците, посебен за товарен сообраќај. Значи размислуваме во насока товарниот сообраќај го тргнеме во целост од моменталниот начин на функционирање на граничниот премин Богородица. Така што цениме дека со таков начин на имплементација и те како ќе го оцениме транзитирањето не само на патничкиот сообраќај туку и на товарниот сообраќај„, додаде рече Панче Тошковски , министер за внатрешни работи.
Во меѓувреме, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис веќе најави целосна реконструкција на граничниот премин Евзони, со цел забрзување на протокот на патници и стока, што дополнително ќе придонесе за поефикасно преминување на границата на најфреквентната балканска рута во текот на летото./Алсат.мк
Михаило Донев