ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија ќе реагира до Брисел за новите критериуми при патувања

Македонија ќе реагира до Брисел за новите критериуми при патувања

Скопје ќе реагира до Брисел за воведувањето на т.н. ЕТИАС систем, кој предвидува секој наш државјанин електронски да се пријави пред да патува во земјите од Шенген зоната, како и Исланд, Норвешка и Швајцарија. Овој систем, покрај за Македонија, ќе важи и за државјаните на сите други земји, меѓу кои и тие од Западен Балкан, кои се кандидати и преговарачи за членство.

Advertisements

„Вицепремиерот Маричиќ е веќе во комуникација со неговите колеги од регионот и има расположение од нивна страна за оваа иницијатива. Во тек се разговорите и се очекува до мај да биде испратена заедничка порака до Европската комисија“,рече Секретаријат за европски прашања.

Системот ќе започне да функционира од ноември годинава, а електронското пријавување ќе чини седум евра и ќе важи за секое наредно влегување во наведените земји во период од три години. Сепак, од Советот на амбасадори изразија загриженост за ваквата одлука на Европската комисија, потенцирајќи дека не треба да се воведат рестриктивни мерки, бидејќи  земјата има целосна визна либерализација.

„Воведувањето на дигитални овластувања за патување во Шенген зоната и плаќањето влезна такса од седум евра по човек е сериозен чекор наназад и повторно подигнување на нови и непотребни бариери кои ќе го нарушат слободниот проток на луѓе помеѓу Европската Унија и земјите – кандидати“, велат од Совет на амбасадори.

Од Европската Унија претходно истакнаа дека овој формулар не е виза. Според Брисел системот ќе ја зголеми безбедноста, но и ќе ја забрза процедурата за влез на граничните премини. Идејата за ваков систем потекнува уште од 2016 година, но воведувањето постојано се одложуваше./Алсат.мк

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button