ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија на 58 место според Индексот за родова еднаквост

Македонија е рангирана на 58. место во светот според Индексот на родовиот јаз за 2024 година, објавен од Глобалниот економски форум. Пред нас е Албанија е на 23-то место, Србија на 26-то место, Бугарија е на 60-то место, а Хрватска е на 61-то место.

Според граѓаните, за да се намали родовиот јаз треба да се постигне еднаквост  на секое поле, особено кога станува збор за образованието, вработувањето и положбата на жената во општеството.

„Да има повеќе можности за вработување за жените на повисоко ниво, а не само работници и зошто да не покажеме дека секој има свои вештини, да му ги покаже на светот и да постигнеме уште повеќе…

„Реформи во образованието, некои нови можности за школување, да се зборува повеќе за образование, подобро управување или можеби финансирање, нудење курсеви кои имаат надеж за иднината“, велат граѓаните.

Споредено со пред една година, земјата се искачи за 15 позиции, но се уште е долу на листата. Вкупниот резултат за еднаквост во Европа е подобрен за 6,2 процентни поени од 2006 година.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button