Македонија најголем дел од потребите за храна да ги задоволува од увоз
Македонија најголем дел од потребите за храна да ги задоволува од увоз

Додека нивите зјаат празни, Македонија продолжува најголем дел од потребите за храна да ги задоволува од увоз. Според некои податоци, дури 70% од нив, доаѓаат однадвор, што е повеќе од загрижувачки податок ако се знае, дека наместо земјоделски производи од домашно производство, македонските граѓани јадат домати, краставици,пиперки од Албанија, Грција, Турција, Србија. Една од причините за ваквата состојба земјоделците ја гледаат во несоодветни мерки од страна на државата изминатите години. Според нив треба да се пристапи кон спровдување на похрабри земјоделски реформи во однос на окрупнување на земјоделските површини.
„Една од мерките би била зголемување на данокот на необработливи површини, бидејки не само што не се обработени, туку тие државни ресурси, економски мора да се искористат.Малку да ги примораат сопствениците или да ги дадат по соодветна цена под наем или по соодветна цена да ги продава или пак државата да ги услови секоја необработена површина да мора да се пријави и државата да стопанисува и да ги дава без надоместок на земјоделците, кои имаат интерес да ги обработуваат тие површини“, рече Ванчо Стојаноски-земјоделец.
Едно од решенијата за излез од ваквата состојба, Стојаноски ја гледа во преструктуирање, односно организирање на земјоделците во задруги, како и поголема финансиска помош во млади земјоделци и инвестирање во нив преку едукација.
„Ако не се преструктуираме во задруги тешко дека ќе дојдеме до соодветна цена на пазарот бидејки земјоделските задруги многу големи бенефити преку нив би имале замјоделците.Пред се набавка на посовремена механизација,обука, набавка на поефтини препарати и ѓубрива. Многу би биле во подобра позиција во преговарањето со откупувачите.Исто така не сме задоволни и од откупните цени“, изјави Ванчо Стојаноски-земјоделец.
На прашњето на Алсат, што државата прави да го зголеми домашното производство, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство вели дека она што првично сакале да го направат е да ја вратат довербата на земјоделците во институциите, преку исплата на сите заостанати субвеции.
„Сега е во фаза носење на новата програма, која ја работиме со земјоделските здруженија со науката, со сите земјоделци од сите сектори се со цел да испланираме, како ќе се движиме наредната година.Јас очекувам дека после еден циклус производна година ќе можеме да ги мериме резултатите од ефектите. Оваа година во делот на субвенционирањето се прават одредени бирократски олеснувања кои ќе значат помалку губење време на земјоделците, а од друга страна се воспоставуваат и некои правила на игра кои ќе значат зголемено производство. За битните стратешки земјоделски култури ќе има и зголемување на субвенцијата се со цел да ги стимулираме во овие тешки времиња, земјоделците повторно да влезат во процесот.“ – Цветан Трипуновски-министер за земоделство.
Трипуновски најавува дека преку програмата за рурален развој ќе се интервенира во вклучување на млади земјоделци во земјоделието преку програми кои ќе значат подршка за нив. Земјоделците пак ja повикуваат државата преку амбасадите и економските аташеа во странство да работи на отварање нови пазари за македонските земјоделски производи, нешто што децении наназад не се случувало. /Алсат.мк