ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Македонија нема толку „функционално неписмени“ колку што тврди Битиќи

Вчерашната изјава на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, за големиот процентот на невработени кај нас кои немаат ни основно образование, се покажува како неточна. Алсат го контактираше директорот на Агенцијата за вработување прашувајќи дали може да ги потврди овие податоци, но процентот што го имаат во Агенцијата за овие лица е далеку помал.

Advertisements

„Во Агенцијата за вработување се пријавени околу 114 илјади лица кои активно бараат работа. Од овој вкупен број во однос на образованието, можам да кажам дека има некаде 13,4% или над 15 илјади луѓе без никакво образование, вклучително и без основно училиште. Додека 51.222 лица или 46,8% од невработените немаат средно образование“, рече Беким Мурати – директор на Агенција за вработување.

Овие податоци на Агенцијата за вработување во целост ја демантираат изјавата на вицепремиерот Битиќи, кој даде високи бројки на невработени, кои според него се неспособни за пазарот.

„За жал, 63 отсто од невработените во Агенцијата за вработување немаат основно образование. Ако не сакаме да користиме таква терминологија, ќе кажеме дека се функционално неписмени, да не употребам негативен збор“, велеше Битиќи.

Во списокот на Агенцијата за вработување има 973 невработени со високо образование, над 8.000 со вишо образование, 638 магистри и 21 доктор на науки. Најголем број невработени има во главниот град.

Градови со најголем број невработени:

Скопје 21.988 19.1%
Тетово 14.095 12.3%
Куманово 12.223 10.6%
Битола 4.709 4.1%
Кичево 3.572 3.1%
Охрид 3.207 2.8%

Минатата година преку Агенцијата за вработување се вработиле над 12.000 лица.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button