СПОРТФУДБАЛ

Македонија од третиот шешир во ждрепката за квалификациите за СП

Cледен предизвик на Македонија ќе бидат настапите во Лигата Нации, а потоа се разбира со нетрпение ќе ги очекуваме и квалификациите за СП во 2026, кое ќе се одржи во Канада, САД и Мексико и тоа за првпат со 48 учесници. Македонија, ждрепката за квалификациите за Мундијалот ќе ја дочека од третиот шешир, каде ќе бидат и селекциите на Грција, Албанија, Словенија, Финска, Ирска, БиХ, Црна Гора, Исланд, Израел, Грузија…

Advertisements

Значи со овие селекции нема да можеме да се паднеме. Инаку се знае дека Европа на Мундијалот ќе “прати“ 16 селекции. Во квалификациите ќе има 12 групи. Во шест групи ќе има по пет селекции и во шест групи ќе има по четири селекции. Првопласираните 12 репрезентации ќе се пласираат директно на СП 2026, додека второпласираните 12 заедно со оние 4 селекции од Лига Нации кои не се пласирале, значи вкупно 16 селекции за преостанатите 4 места кои ќе водат на Мундијалот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button