
Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа на 66. позиција на ФИФА-листата. Тоа е непроменет рејтинг во однос на минатото рангирање.
Македонските фудбалски репрезентативци во октомврискиот мини циклус загубија од Украина (0-2) во квалификациите и ја победија Ерменија (3-1) во пријателски меч во Струмица.
Водечкото трио исто така останува непроменето. Аргентина е на првата позиција, пред Франција и пред Бразил.