Македонија почна да ја зафаќа африканскиот бран, ќе ни остане подолго

Македонија и Балканот почнаа да ги чувствуваат најавените високи температури од Северна Африка. Хидрометеоролозите велат дека вистинска летна жештина ќе ја зафати целава земја, особено во четврток и петок кога се очекуваат и 43 степени. Максималната температура во Скопје денеска изнесуваше 36.
Максимално внимание треба да им се даде на старите лица, лицата со здравствени проблеми и децата, но тоа не значи дека и другите граѓани не се изложени на ризик од топлотен удар. Хронично болните или оние со срцеви заболувања треба да се консултираат со лекар за да ја прилагодат терапијата.
„Особено децата и стари лица треба да внимаваат во време на најголемата жештина, односно од 10 до 17 часот да не бидат изложени, а кога ќе излезат да ја прилагодат облеката и храната на температурите. Значи, облеката треба да биде бела бидејќи ги рефлектира сончевите зраци, да носат бели капи или бели марамчиња или барем чадор. Сите оние кои мораат да излезат во овој период треба да носат шишиња со вода во себе за да бидат хидрирани бидејќи високите температури ве дехидрираат, некој се поти повеќе, некој помалку“, вели Седат Љумани, лекар.
Се препорачува да се пијат колку што е можно повеќе течност, а во оброците треба да доминира главно овошје и зеленчук. Според сегашните прогнози, екстремно жешко време ќе имаме и следната недела.
Еви Шкопи