СПОРТФУДБАЛ

Македонија посакува прва победа, Ерменија има 2 победи по ред

Македонија разочара на стартот на натпреварувањето Лигата на Нации, кога одигра нерешено на гостински терен кај Фарски Острови (1-1), иако беше фаворит во мечот, меѓутоа избраниците на Благоја Милевски имаа и негатива во дуелот.

Advertisements

Ерменија не си помина добро во последните два меча против Македонија, односно освен поразот од 1-3 во октомври, претходно доби и „петарда“ во 2021 година во квалификациите за Светското првенство (СП).

Селекторот Милевски најави дека дуелот против Ерменија ќе биде најважен во групата затоа што тоа ни бил директен конкурент за првата позиција, но нашите репрезентативци ќе мора да бидат внимателни со оглед на тоа дека Ерменија е во мини-серија од две победи по ред и сигурно нема лесно да се предаде во Скопје.

Македонската фудбалска репрезентација го заборави вкусот на победата, откако последниот триумф го запиша против Ерменија на 17 октомври 2023 година. Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија се игра вечерва од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button