РАКОМЕТСПОРТ

Македонија пред најголемиот предизвик во Дебрецен

Македонската женска ракометна репрезентација денеска од 20:30 часот го игра вториот натпревар на Европското првенство во Дебрецин, а противник e селекцијата на Турција.

Advertisements

Селекторот Грчески во изјавата пред првенството посочи дека токму со Турција треба да се бара шансата за победа и обезбедување на третото место, доколку до крајот на групната фаза нема изненадувања. Слично размислуваше и нашата најдобра ракометарка, Сара Ристовска.

Кога се меѓусебните натпревари во прашање, Македонија нема позитивен биланс и во последните пет средби со Турција имаме само една победа. Единствената победа против денешниот противник ја остваривме во квалифкациите за Светското првенство во 2018 година (23:30).

На следните четири натпревари кои три беа од пријателски карактер и еден на Медитерансите игри во 2023 година славеше Турција. Турција првенството го стартуваше со пораз од Унгарките со шест разлика (24-30). Во вториот натпревар од нашата група се соочуваат селекциите на Шведска и Унгарија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button