ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пукната цевка исфрли блок на РЕК „Битола“ од мрежата

Поради пукната цевка, блокот со кој РЕК „Битола“ произведувала струја, во текот на вчерашната ноќ е испаднат од мрежата, информираат од АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ).

Advertisements

Од ЕСМ велат дека електричната енергија е надоместена од сопствените производствени капацитети и оти не е направена никаква дополнителна набавка на хавариска струја, а како шпекулации ги отфрлаат и информациите дека е направен дебаланс на системот.

Од компанијата посочуваат дека веднаш се започнати пуштачки операции за враќање на еден од блоковите на мрежа и денеска во попладневните часови се очекува истиот да биде приклучен.

„Согласно планот за производство се очекува до крајот на неделата да биде ставен на мрежа и вториот блок, додека на почеток на следната недела се очекува сите три блокови да бидат на мрежа“, додаваат од ЕСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button